МРТ ќе ги извести амбасадите и Мисијата на ОБСЕ за обвинувањата од СДСМ

by fokus

Уредувачкиот колегиум на Македонската радио-телевизија преку соопштение реагира на обвинувањата на СДСМ дека анкетите во кои се мери рејтингот на политичките партии во предизборието, а кои беа емитувани во емисијата „Објектив“ на јавниот сервис, се лажни и по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ.

Од јавниот сервис посочуваат дека во нив се вклучени две реномирани агенции чии сопственици се Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а оти во емисијата гостуваат реномирани гости од општествено-политичкиот живот во земјава. Нагласуваат дека за ваквите партиско-политички притисоци и обиди за подривање на кредибилитетот на МРТ ќе бидат известени сите домашни и меѓународни медиумски организации како и амбасадите и Мисијата на ОБСЕ.

-МТВ во никој случај нема да влезе во дневно политичка пресметка на партиите во овој предизборен период. Уште еднаш апелираме политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис. Секое намерно и неосновано поткопување на довербата на граѓаните во јавните институции по дефиниција е штетен наратив. Во тој контекст, штетните наративи кон јавниот сервис растат во изборниот период, посочуваат од Македонската радио-телевизија.

Поврзани новости