125
Јавниот радиодифузен сервис МРТ по одржана аудиција ги избрала претставниците на Македонија на Детска Евровизија, која ќе се одржи во Мадрид на 16-ти ноември годинава.
Како што информираат од сервисот, по предлог на комисијата и по одржана аудиција, било одлучено земјава да ја претставуваат Алексеј Ивановски и Ана Ванчевска.
Двајцата тинејџери се од Битола, и зад себе веќе имале учества на детски музички фестивали. Ана има 14, а Алексеј 12 години.
Како што соопштија од МРТ, освен на музички фестивали, тие учествувале и на бројни државни натпревари по математика, француски јазик и друго.
Биле доста талентирани и од јавниот сервис им предвидуваат ветувачка иднина во музичката индустрија.
В.К.