МРТ бара продуцентски куќи за заеднички да го реализирале проектот за Тоше Проески вреден над 1,5 милиони евра!

by Fokus

Јавниот сервис МРТ денес по вторпат објави јавен повик за набавка на програмски содржини, со цел заеднички со програмските куќи кои ќе конкурираат и бидат избрани, да го реализираат продуцентски куќи очекуваме да конкурираат со пријави по Јавен повик за набавка на програмски содржини за играниот филм и серијата посветени на Тоше Проески во комплет проектот за Тоше Проески.

Првиот повик беше објавен минатиот месец, а во вториот, објавен утринава, МРТ повторно ги поттикнува продуцентските куќи да конкурираат.
Периодот за конкурирање ќе бил продолжен за уште еден месец, односно ќе траел до 24-ти февруари.

– Од продуцентските куќи очекуваме да конкурираат со пријави по Јавен повик за набавка на програмски содржини за играниот филм и серијата посветени на Тоше Проески во комплет или само за документарниот филм одделно.

Една продуцентска куќа може да се пријави за двата проекта (игран филм и серија и документарен филм).

Со повторениот Повик, Македонската радио телевизија им дава можност на што поголем број продуцентски куќи да се пријават со свои креативни предлог програмски проекти за Тоше Проески на Јавниот повик за набавка на програмски содржини на МРТ за заеднички да создадеме единствена програма атрактивна за нашиот аудиториум, но и како дело што ќе остане во наследство на идните генерации, истакнаа од МРТ.

Како што беше најавено кон крајот на минатата година, ќе се снимаат игран филм, документарец и телевизиска серија во неколку продолженија кои ќе го проследат живот и мисијата на легендарниот музичар Тоше Проески.

Носител на проектот е Македонската радио-телевизија (МРТ), а како копродуценти ќе биле вклучени неколку национални телевизии од Балканот.

Средствата за проектот, во износ од околу 95 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра, ќе бидат обезбедени од Буџетот на земјава, преку Министерството за дигитална трансформација.

Семејството на Тоше дало согласност за реализација на проектот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости