Мрме засега не сака да дава изјави за најголемиот фудбалски пораз на Македонија!

by fokus

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски Мрме, засега не сака да дава изјави по повод вчерашниот фудбалски меч во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија, откако Македонија го доживеа најголемиот пораз и загуби од Англија со 7:0 на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

,,Фокус” се обиде да стапи во контакт со Ангеловски, под чие лидерство се случи историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство пред две години.

Неговата сопруга Тања кратко ни го пренесе неговиот став, дека тој засега не сака да дава изјави.

Инаку, поранешниот селектор по напуштањето на позицијата еден период ја предводеше хрватската екипа Горица, а пред два месеци екипата на Каспиј од Казахстан објави дека Ангеловски е назначен за нивни нов тренер.

– Македонскиот стручњак Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на Каспиј. Игор Ангеловски е добар стручњак кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме успех на нашиот нов тренер – гласеше соопштението на Каспиј.

Сегашниот селектор на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски пак, вчера и се извини на нацијата за поразот и кажа дека мора да ја поправат сликата и да бидат подобри.

Вики Клинчарова

Поврзани новости