Мрме среќен за трансферот на Елмас: Не смееш тука да застанеш!

by fokus

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски му честиташе на репрезентативецот Елиф Елмас за неговиот трансфер во Наполи.

Како што порача Мрме, младиот фудбалер не смее да застане тука во својата кариера.

„Среќно во Наполи. Ти благодарам што не направи горди, но не смееш тука да застанеш!“, порача селекторот Ангеловски.

Елмас ги помина сите младински категории на националната селекција, а за А-тимот одигра 12 натпревари и постигна два погодоци.

Поврзани новости