Мрачни предвидувања на работодавците во Германија, над 300.000 работници може да останат без работа

by Fokus

Високи камати, страв од инфлација, високи трошоци за парно… Градежната индустрија е во криза и покрај сериозниот недостиг на станови во Германија.

Од јануари до август 2023 година се издадени 28,3 отсто помалку одобренија за градење станови отколку во истиот период во 2022 година. Според реномираниот институт ИФО од Минхен, секоја друга градежна компанија страда од акутен недостиг на нарачки, пишуваат германските медиуми.

Наместо изградба на 400.000 нови станови, која ја вети германската министерка за градежништво, Клара Гејвиц, градежната индустрија тврди дека во текот на 2023 година ќе бидат изградени само 250.000, пишува Курир.

Тројца газди од големи градежни компании во Германија отворено за германските медиуми проговорија за своите проблеми.

– Канцеларот сега мора да ја направи изградбата на станови главен приоритет и да го спаси она што сè уште може да се спаси – изјави директорот на голем германски снабдувач на градежни материјали, кој додаде дека нарачките паднале за 30 отсто.

На претстојната премиерска конференција во декември мора да се постигне договор за заштеда на станови.

– Ова е последна шанса да се спречи станбена катастрофа – рече директорот, кој бара посебна амортизација од 50 проценти на сите трошоци за изградба од 2024 година за приватните претприемачи, а исто така бара државата да го укине данокот на промет на недвижности за пет години.

– Доколку градежната активност уште повеќе закочи, не е загрозена само енергетската транзиција, туку и социјалниот мир во Германија – смета друг работодавач од градежниот сектор.

Во него се наведува дека до 2025 година ќе бидат изгубени 300.000 работни места и дека многу компании ќе се откажат од проектите.

Според него, кириите ќе пораснат на рекордно ниво доколку недостигот од станови стане уште поголем. За да се спречи тоа, вели тој, потребни се ефективни државни стимулации.

– Пристигнатите нарачки за изградба на куќи паднаа за повеќе од 50 отсто од лани. Тоа е повеќе од алармантно. Ова се однесува на целата индустрија за изградба на куќи – посочува третиот работодавач од градежната индустрија.

Тој додава дека се неопходни даночни олеснувања за градителите на куќи:

-Сега ни треба намалување на данокот за сите приватници кои градат. Одбивањето на трошоците за изградба од даноците веќе и даде на Германија динамика во изградбата на станови – вели работодавачот.

Поврзани новости