МПЦ: Протестот е против предлог законите, со кои се загрозува правото на вероисповест

by Fokus

Светиот Синод на Македонската православна црква во четврток организира сенароден собор на кој сакаме да искажеме протест против двата предлог закона за матични евиденции и за родова еднаквост, изјави  Викарниот епископ Стобиски г. Јаков на денешната прес конференција.

Тој рече дека правото на протест е демократско право и дека одлуката да протестираат ја донеле како резултат на игноратскиот однос од власта кон соопштението од МПЦ, но и од другите верски заедници во Македонија кое се однесува на овие два закони.

„Со тоа соопштение бараме повлекување на двата закона, од кои едниот е веќе во процедура, а тоа е законот за матична евиденција и вториот законот за родова еднаквост, кој што  на некој начин се подготвува да влезе во процедура, бидејќи има јавни дебати. И покрај сериозните забелешки на двата закони, како црква имаме впечаток дека се продолжува и тие закони да станат дел од правниот поредок на нашето општетсво“, рече епископт Јаков.

Тој нагласи дека собирот или протестот кој го организира МПЦ во четврток не е насочен против никого , туку е насочен исклучиво против содржината на предлог законите.

„Ние образложивме дека сме против новиот контекст кој што му се дава на поимот род, против новата компонента која му се дава во предлог законот за родова еднаквост и се користи и се злоупотребува на уште поексплицитен начин во законот за матична евиденција кој што предвидува промена на ознака на пол според изјава која би се базирала на субјективни и индивидуални чувства на поединци “, рече епископот Јаков.

Тој рече дека погрешно се интерпретира повикот на протест, бидејќи Црквата не е само институција туку таа е заедница со свој вреносен систем, кој е спротивен на она што треба да произлезе по носењето на двата предлог закона.

„Овие два закони сериозно ќе го загрозат правото на вероисповест  и нашето право да ја проповедаме верата затоа што не само што ќе се редефинира целото општетсво,. туку и затоа што ќе се ограничи слободата на говор со членот кој се однесува на родово-сензитивниот јазик“, рече епископт Јаков.

Епископот рече дека не се против остварување на нечии права, но дека реагираат на законските репенија со кои се загрозуваат правата на вероисповеста.

„Тоа е дикаттура. На сметка на остварување на одредени права да се загрози правото на другите“, рече епископот Јаков.

Тој објасни дека со законските решенија се менува досегашниот концепот за род и пол, односно дека досега имало два пола и два рода.

„Сега со измените во поимот род не се само два пола, туку секој ден може да никнува нов род. Со тоа ја отвораат пандорина кутија секој ден да никнуваат нови и нови родови и секој да биде што ќе посака“, рече епископт Јаков.

Тој изјави дека црквата се оградува однапред од каква било злоупотреба во ненакви свои цели на овој протест.

„Протестот е насочен исклучиво против содржината на овие закони. Не поддржуваме никаков говор на омрза никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме не. Присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме си вакви предлог законски решенија во ваква форма“, рече епископт Јаков и додаде дека на протестот ги очекува и другите весрки заедници од кои имаат апсолутна поддршка.

 

 

 

Поврзани новости