МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“: Убиството е грев и секој одговара пред граѓанскиот и Божјиот суд

by irena 18:02
18:02

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) јавно се огради од организацијата наречена „Христијанско братство“, нагласувајќи дека таа не е создадена, ниту функционира под покровителство на црковните институции.

Портпаролот на МПЦ-ОА, владиката Климент, во изјава за јавноста истакна јасен став на Црквата во однос на трагичниот настан што ја вознемири јавноста. „Убиството е грев и секој што убива има одговорност како пред граѓанскиот така и пред Божјиот суд“, потенцира владиката Климент.

Од МПЦ-ОА дополнуваат дека какви било активности или структури што се повикуваат на православието, а не се под директна надлежност на Црквата, не можат да се сметаат за дел од нејзиното институционално делување.

Според досегашните информации од истражните органи, осомничениот Грозданоски се товари дека го убил Митрески по расправија поврзана со договор за доживотна издршка, склучен во 2025 година кај нотар. Според договорот, осомничениот требало да наследи значителен имот во Охрид, но конфликтот настанал кога жртвата сакала да го раскине договорот. Во јавноста претходно се појави и видео од февруари 2022 година, на кое се гледа како членови на „Христијанско братство“ даваат заклетва, наводно во присуство на владиката Агатангел.

 

Слични вести