156
Кривична пријава добија двајца жители на села во Тетовско и Гостиварско, кои заедно, минатиот месец влетале во канцеларија во Центарот за социјални работи во Тетово, каде ѝ се заканувале на вработена, а едниот се обидел и да ја нападне, соопшти МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(43) од с.Горно Седларце и Н.Б.(39) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.02.2026 во Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, пријавените насилно влегле во службена просторија и кон вработена упатувале закани, при што еден од нив се обидел ѝ физички да ја нападне, но бил спречен од обезбедувањето“, пишува во полицискиот билтен.