МПЦ апелира да не се палат бадникови огнови

by fokus

Македонската православна црква апелира денеска да не се палат бадникови огнови, а собраните дрва да се донираат на социјално загрозени семејства.

– Верниците кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога  Скопје, но и другите градови се соочуваат со енормно загадување – се вели во соопштението на МПЦ.

Наместо на улица покрај оган, МПЦ ги повикуваат верниците на богослужба во црква, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање.

Поврзани новости