396
Македонската православна црква апелира денеска да не се палат бадникови огнови, а собраните дрва да се донираат на социјално загрозени семејства.
– Верниците кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога Скопје, но и другите градови се соочуваат со енормно загадување – се вели во соопштението на МПЦ.
Наместо на улица покрај оган, МПЦ ги повикуваат верниците на богослужба во црква, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање.