Можно невреме низ цела Македонија

by Фокус

Постојат услови денеска на поголем дел од територија на Македонија да се случи невреме со силен ветер, дожд и со град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Вчера центарот на главниот град беше буквално полавен поради дождот од 37 литри на метар квадратен, a дуваше и ветер од 70 километри на час. Невремето го погоди само Скопје, а се стравува дека денеска тоа може да се прошири низ целата република.

Во делови од земјата веќе има грмотевици и пороен дожд, а како што информираат од Управата не може точно да се определи временскиот период кога и дали со сигурност нѐ очекува невреме бидејќи ситуацијата се менува од минута во минута.

Поврзани новости