Можно е вооружен напаѓач да влегол во училиште во Хамбург

by fokus

Полицијата во Хамбург го опколи и пребарува училиштето Ото-Хан, бидејќи постои можност во зградата да влегол вооружен млад човек.

Според полициското соопштение објавено на Твитер, не е познато дали вооружениот млад човек влегол во училиштето кое се наоѓа во областа Јенфелд или само поминал покрај него.

Портпаролот на полицијата изјави дека училиштето го претресуваат специјалните единици и нагласи дека не се слушнале, ниту се пријавени истрели.

Полицијата побара од родителите да чекаат на паркингот во близина на училиштето додека училишниот простор е затворен. Повеќе од 1.500 ученици го посетуваат средното училиште Ото-Хан, според веб-страницата на училиштето.

Поврзани новости