Можно е целосно укинување на протоколите во градинките

by fokus

Се размислува за целосно отворање на групите во градинките и укинување на протоколите, но тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба, изјави министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска. Моментално таа оцени дека состојбата со Ковид-19 во градинките е стабилна со само еден заболен вработен и ниту едно заразено дете во изминатиов период.

-Претпазливо одиме во целиот овој процес бидејќи се работи за најмладите и ќе правиме проценка кога би можеле да ги отвориме групите комплетно како во претходниот период. Имаше измена во протоколите за време на годишните одмори, да можат да се спојуваат децата од 2 до 6 години во иста група за да можат вработените да ги користат одморите, изјави Шахпаска.

Минатиот месец, како дел од олабавувањето на рестриктивните мерки, Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб, дозволи зголемување на групите во градинките од 15 на 20 деца.

Поврзани новости