Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган смета дека за решение на конфликтот на Блискиот Исток е можно само едно решение.
Според него, има итна потреба од формирање независна палестинска држава со главен град Ерусалим и повика на воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација на тензиите во регионот.
„Воспоставувањето на независна и географски поврзана држава Палестина, заснована на границите од 1967 година, со Ерусалим како главен град, е неповратна потреба. Сепак, тековните напори за поделба на Ерусалим и во однос на време и простор резултираа со зголемен број за прекршување на Харам ал-Шариф (Планината на храмот).Турција постојано и гласно ги изразува своите приговори и реакции на ова прашање во секоја можна прилика. Никогаш не се двоумевме да ја кажеме вистината, дури и кога остатокот од светот молчеше“ – порача Ердоган.
Додаде дека Турција се солидаризира со „палестинските браќа“ и дека нема да преземе чекори кои дополнително ќе ја ескалираат ситуацијата.