Утре на владина седница ќе се одлучува по предлогот на Комисијата за заразни болести, полицискиот час за Денот на трудот да почне од четврток попладне, а да заврши во понеделник сабајле, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој вели дека Комисијата за заштита од заразни болести со консензус смета дека полицискиот час треба да биде продолжен.
– Одлуката ќе биде донесена на утрешната седница на Владата. Гостувањето на утринската емисија беше пред состанокот на Штабот, така што во текот на утрешниот ден на седницата ќе се донесе одлука. На утринскиот состанок на Штабот јас го изнесов мислењето, и на Комисијата која со консензус смета дека треба викендот да биде целосно затворен како што беше оној за Велигден, сега од петок до понеделник, рече Филипче.