На денешната средба на Комисијата за заразни болести соопштено е дека била разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутирало во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19.
Тоа би одело преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, за да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.
„Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход. Во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжиме внимателно да ја следиме актуелната состојба и доколку постои можност ќе предложиме постепено релаксирање на мерките“, велат од Комисијата за заразни болести.