Можно е мнозинство за изгласување недоверба на црногорската Влада

by Fokus

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, денеска изјави дека е можно да се има мнозинство за гласање недоверба на Владата и иницијативата да ги добие потребните 41 глас во Парламентот.

За такво нешто ќе се дебатира во понеделник, а Демократскиот фронт, Демократска Црна Гора и Граѓанското движење УРА посочија дека нема да дадат поддршка за смена на Владата.

 

 

Поврзани новости