„Имало преседани каде амандмани се гласале за време на техничка Влада“ вели во интервју за ТВ21 амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер одговарајќи на новинарско прашање дека слушнала неколку различни опции за тоа, како тоа би било возможно откако во последно време сѐ почесто од албанските политички партии кои се поделени на два блока се слуша дека прво треба да се изгласаат уставните измени, па потоа да се формира Владата.
Според Агелер тоа е изводлива работа.
„Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка Влада. Една од работите кои јас ги научив, служејќи овде е дека сè е возможно“, вели Агелер која во интервјуто коментира и за изборите, за корупцијата во земјава, за црната листа на САД и за владеење на правото.