Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција меѓу него и Владимир Путин.
-Претстои нова рунда преговори, затоа што ние се стремиме кон мир, навистина, без одлагање. Како што ме информираа, постои можност и потреба за средба во четири очи во Турција. Тоа не е лошо. Да го видиме резултатот – рече тој во видео порака, објавена рано утринава од претседателската канцеларија.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, ги отфрли сите директни средби меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тоа би било контрапродуктивно.
Ројтерс ја цитира неговата изјава дека нивната средба треба да се одржи само кога двете страни би биле блиску до договор за клучните прашања.