Годинава на Евровизија 2022 во Италија, улогата да се појави како водител му беше доделена на популарниот музичар Мика (38). Роден во Бејрут, од каде заедно со семејството кога имал една година побегнал поради војната, по што живеел првин во Франција, а потоа и во Лондон.
Уште како дете започнал да се занимава со музика, и неговата кариера тргна по угорна линија во времето додека живеел во Обединетото Кралство.
Но, освен по певливите нумери со кои го привлече вниманието на европската јавност, Мика со години наназад е интересен и поради неговиот приватен живот. Уште пред 12 години тој откри дека е хомосексуалец, а негов долгогодишен партнер е режисерот Андреас Дерманис.
-Преку музиката собрав храброст да се помирам со мојата сексуалност. Ова е мојот вистински живот,
Секогаш кажував дека можам да се вљубам во жена, но можам да се вљубам и во маж.
Не се срамам поради тоа. И верувам дека немаше некои негативни реакции кога го открив тоа – раскажа Мика, кој зад себе има пет албуми кои се продадени во над 30 милиони примероци, номинација за Греми и редовни настапи ширум Европа.
Беше член на жирито на италијанскиот Х Фактор, како и водител на забавни шоу програми во Италија. Токму поради големата популарност во Италија, изјави дека воопшто не се изненадил кога добил покана да биде водител на Евровизијата која се одржа во Торино.
Вики Клинчарова