Можеби со Законот за амнестија се прави пазар за случајот „27 април“ и да се изгласаат уставни измени, вели Иванов

by fokus

Американците генерално во својата дипломатија си имаат зацртано пат кон каде треба да се движи Македонија, па во контекст на последната изјава на амбасадорката Анџела Агелер за Законот за амнестија е во насока „правете што мислите но да биде законски и транспарентно“.

Тие се наши пријатели и тие се оние кои генерациски не крепеле до ден денешен и во сите кризи. Мој впечаток е дека Европа не успеала во тоа. Милам дека тие ни се пријатели и се битни за тоа што имаме држава, вели новинарот Зоран Иванов во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

– Нашата доктрина партиско-политичка со децении е да нема култура за заеднички дијалог меѓу позицијата и опозицијата. Опозицијата која најави дека ќе го блокира Законот за амнестија од друга страна бара амнестија за случајот „27 април“. Дали ќе се случи тргување, не знаеме, но можно е да се договорат преку вакво надмудрување. Но, клучно прашање е дали ќе има компромис за Македонија или ќе доцни пола година или 15 години, вели Иванов.

Иванов вели дека нема информации ни како изгледа законот за амнестија ниту зошто се носи, но смета дека има интерес за некои поединци да бидат ослободени и мириса на тоа, а можеби и некои луѓе од 27 април доволно си ја платиле казната.

– Не држи образложението дека ни се лоши условите во затворите. Ако правиме автопатишта, можеме да ги средиме и затворите, вели Иванов.

Поврзани новости