За време на синоќешниот разговор, украинскиот претседател Володимир Зеленски им рекол на европските лидери дека тоа може да биде последен пат да го видат жив.
Тоа го потврди бугарскиот премиер Кирил Петков, кој посведочи дека Зеленски рекол: „Не знам дали ќе ве видам повторно бидејќи сум на (руската) листа за убивање’“.
-Да се наежиш, затоа што овој човек што бара помош и поддршка можеби нема да биде жив во следните 48 часа. Ова ги потресе сите лидери бидејќи едно е жртвите на телевизија да се гледаат како статистика, а друго е да гледате во очи некого за кого е прашање на часови дали ќе преживее – рече Петков.
Италијанскиот премиер Марио Драги, кој учествувал на телефонската конференција, пак, на своите соработници им кажал дека Зеленски во моментов се крие на непозната локација.
-Требаше да се слушнеме на телефон, но тој веќе не е достапен – рекол Драги.