356
Можеби ќе остане запишано во некои идни хроники за едно време и за една мала глупава земја и нејзиното раководство кое во најтемните мигови на човештвото, на раб на глобална војна, се грижеле за евроинтеграциите.
Ова го напиша професорката Билјана Ванковска, поранешна кандидатка за претседател на Македонија, потенцирајќи дека постојат многу повеќе проблеми освен домашните.
– Притоа, знаеле дека е тоа утопија, а и дека постои една “кралица Урсула” (може да ја наречете и Фрау Геноцид или Круела), но сепак тоа им била единствена преокупација.
Каква кусогледост! Не ми се верува. Да се живи Радоје Домановиќ или Нушиќ, би имале за што да пишуваат: вождови на секој чекор! – пишува Ванковска на Фејсбук.