Може ли Франција да избегне нов бран на корона вирусот?

by Fokus

Преку системот за моделирање на податоци, научниците од Институтот Пастер веруваат дека земјата може да го избегне 4-тиот бран на епидемијата со Ковид-19 во текот на сончевите денови. Но ова под услов тековното укинување на ограничувачките мерки да не го забави затишјето, констатирано од пред десетина дена, јави дописникот на МИА.

-Условите се поволни за да се попуштиме пред овој додуша умерен оптимизам, Институтот Пастер се потпира на подобрувањето забележано неколку недели во болниците и на падот на бројот на новозаразени.

Со моделирање на најновите податоци за епидемијата, Институтот Пастер „гради сценарија што ја опишуваат можната еволуција на епидемијата до летото“, стои во извештајот објавен на веб-страница на институтот.

Да резимираме: ако падот во болницата продолжи до 9 јуни (датум на 3-та фаза на укинување на мерките, особено со повторното отворање на рестораните) и кампањата за вакцинација не ослабне“, Институтот не очекува ова лето да забележи значително продолжување на епидемијата поврзана со „британската“ варијанта, ултра-мнозинска во Франција (77,8 отсто од сите случаи, јужноафриканската има удел со 5,8 отсто, оригиналната 3,2 отсто и 13 отсто е неопределена варијанта).

Сепак, таквото сценарио може да пропадне во случај на „појава на варијанти“ поотпорни на вакцини или на имунитетот стекнат од прележување, или „позаразна“ од британската варијанта.

Ако укинувањето на дел од ограничувањата на 19 мај го запре ова подобрување (што здравствените податоци нема да го покажат до почетокот на јуни), тогаш летната ситуација „би била понеизвесна“.

Поврзани новости