Министерот за здравство, Беким Сали тој во вечерашното интервју на ТВ 21 зборуваше и за процесот на вакцинација во државата, при што истакна дека недоманешната кампања со мобилните екипи била позитивна, но незадоволителена.
– Последна активност за вакцините ни беше мобилните екипи кој што се движеа во 14 локации. До тој момент имавме 1500 до 2000 нововакцинирани неделно, односно со таа кампања достигнавме до 3500 неделно. Сметам дека кампања ја заврши својата работа, имаше позитивен одзив од граѓаните, незадоволителен, меѓутоа позитивен. За жал ние како држава сме снабдени врз основа на нашите проекти за таа бројка од 70 отсто вакцинирани која ни беше цел за заштита на нашите граѓани. Официјално се вакцинирани 46 отсто од населението. Сереолошката анализа која што ја направивме испадна дека нашите граѓани се 75 отсто имунизирани по природен пат со прележување, што ни дава комфор дека може да се сметаме за имунизирана нација, рече министерот Сали.