142
Доцна синоќа во 22.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води за с. Речица, кумановско, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(36) од Куманово, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.