Мотоциклист удрил во пешак во Скопје

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „11 Октомври“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(30) од с. Гиновце, кривопаланечко, удрил во пешакот Џ.Р.(58) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани новости