Мотоциклист прегази жена во Скопје, таа почина на лице место

by Fokus

На 08.06.2024 околу 12.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во близина на крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.С.(26) од Скопје удрил во пешакот А.И.(74) од Скопје.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала А.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобил моторциклистот констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости