590
Во населбата Тунел во Велес синоќа во собраќајка со полесни повреди се здоби мотоциклист откако автомобил му го пресекол патот.
Како што информира за МИА, Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот со возило на итна помош во Хирушката амбуланта на Општа болница бил донесен во 20:25 часот. Тој бил со полесни површински повреди и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.
СВР Велес извршила увид на местото на настанот.