Мотоциклист од Скопје е тешко повреден во Велешко

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 00.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 езеро Младост – Велес, пред крстосницата за село Отовица, Велешко, Ѓ.С.(35) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани новости