Мотоциклист хоспитализиран во Клинички центар откако излетал од пат

by fokus

26-годишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола врз неговиот мотор и излетал од патот Градско-Прилеп. Пренесен бил во Клинички центар во Скопје.

„На 14.08.2018 година во 10:30 часот на патот Градско-Прилеп, М.Б. (26) од с.Новаци, управувајќи мотоцикл „Кавасаки ЗЏ-ИОР“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп“, велат од МВР.

Поврзани новости