529
Четириесет годишен моторџија од Кавадарци загина попладнево на автопатот Демир Капија – Удово, откако удрил во автомобил, изјави за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Околу 13.30 часот на автопатот Демир Капија – Удово мотор марка „хонда” без регистарски ознаки, управуван од четириесетгодишник од Кавадарци, удрил во патнички автомобил марка „фолксфаген голф“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од А.Д.П.(19) бугарски државјанин, при што, возачот на моторот загинал- вели Додевски.