Моторџија: Неприфатливо е да го паркирам моторот и да одам на ручек каде што нема да можам да го гледам

by fokus

По средбата со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, моторџиите најавија дека доколку Градот опстои на намери да воведе давачка од 5 до 7 денари за паркирање на моторите, ќе ги блокираат градските улици.

-Ако продолжат со муабети за паркриање ние цел град ќе го блокираме и тек тогаш ќе видиме колку сме регистрирани – рече еден од нив.

Друг моторџија изјави дека се жртвува со самото тоа што одбира мотор, наместо автомобил.

-Би возел автомобил, но со самото тоа што возам мотоцикл на некој начин се жртвувам и би било неприфатливо моторот да го паркриам на обележан паркинг и потоа да пешачам 500 метри или еден километар, на пример во Дебар маало каде сакам да седнам на ручек и не можам моторот да си го гледам – рече тој.

Поврзани новости