728
По средбата со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, моторџиите најавија дека доколку Градот опстои на намери да воведе давачка од 5 до 7 денари за паркирање на моторите, ќе ги блокираат градските улици.
-Ако продолжат со муабети за паркриање ние цел град ќе го блокираме и тек тогаш ќе видиме колку сме регистрирани – рече еден од нив.
Друг моторџија изјави дека се жртвува со самото тоа што одбира мотор, наместо автомобил.
-Би возел автомобил, но со самото тоа што возам мотоцикл на некој начин се жртвувам и би било неприфатливо моторот да го паркриам на обележан паркинг и потоа да пешачам 500 метри или еден километар, на пример во Дебар маало каде сакам да седнам на ручек и не можам моторот да си го гледам – рече тој.