Мото Асоцијациите на Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка

by Fokus

Во Мото домот Плачковица на Мото клуб Џинки МК Радовиш, вчера официјално беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу Мото Асоцијацијата на Македонија на МК мото клубови и Мото Асоцијацијата на Србија во присуство на претставници од повеќе од 20 мото клубови од Македонија и Србија.

Меморандумот предвидува обединување на двете Асоцијации со организирање и реализација на заеднички настани, промовирање и проекти од областа на мото културата и мото заедницата и пред се зближување на двата народи.

Поврзани новости