Мостот „Михајло Апостолски“ засега ќе нема булеварско поврзување

by vlatko 21:59
21:59

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, засега нема да има булеварско поврзување, а до трговскиот центар „Ист гејт“ ќе се оди преку пристапните улици. Ова го соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека, како што ветил, до крајот на неговиот мандат ќе бидат срушени првиот дел од објектите што ќе овозможат пристапност во тој дел од градот.

-Експропријацијата е завршена, срушени се објектите и правиме подготвки за тампонирање и асфалтирање кои во наредните 20 дена ќе биде завршени, со што ќе овозможиме целосна функционалност на мостот. Крајната цел ќе биде и оние објекти што водат од левата страна кон Ист гејт да ги завршиме – рече тој.

На прашање дали мостот ќе се поврзе кај „Ист гејт“, градоначалникот додаде дека засега се поврзува преку пристапните улици.

-Тоа е она што го ветив во предизборието, земајќи предвид дека таму има многу предмети што се во судска постапка. Значи булеварско решение нема да има, но, како што ветив, ќе има целосна функционалност на мостот – вели Ѓорѓиевски.

Тој очекува дека во процесот ќе помогнат и оние што се засегнати во експропријацијата, со што ќе овозможиме и другиот дел од трасата за да се поврзе мостот со „Ист гејт“.

Слични вести