Москва забрани влез на воени функционери од ЕУ

by Fokus

Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје.

Меѓу санкционираните има вработени во компании што ја снабдуваат Украина со оружје.

Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влезот во Русија.

Се наведува дека новите санкции се одговор на „непријателската антируска политика на Западот“.

Поврзани новости