831
Руското Министерство за одбрана ги даде првите податоци за жртвите направени за време на инвазијата на Украина.
Според извештаите на руските медиуми, досега се убиени 498 руски војници, а 1.597 се ранети.
Тврдењето е значително помало од проценката на Украина за руските жртви – Киев тврди дека убил 5.840 руски војници.
Киев не даде бројки за бројот на убиени и повредени украински војници.
Би-Би-Си не може самостојно да ги потврди ниту руските ниту украинските тврдења, но Министерството за одбрана на ОК верува дека силите на Москва претрпеле големи загуби.
Претходно украинските служби за итни случаи соопштија дека досега се убиени повеќе од 2.000 цивили и 10 лица од службите за итни случаи.