Москва: Се уште нема доволен напредок за средба Путин-Зеленски

by fokus

Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави дека е непроменет рускиот став за Крим и за Донбас и оти мировните преговори доволно не напредувале за да се организира средба помеѓу претседателите на Русија и на Украина.

Изјавата на Медински е спротивна на тврдењата на Киев дека Русија „усно“ се согласила на украинските предлози.

Украинскиот преговарач Дејвид Арахамија вчера изјави дека Русија ја прифаќа позицијата на Украина, со исклучок на ставот на Киев за Крим. Тој истакна дека Москва вербално се согласила со клучните украински предлози, со што се зголемуваат надежите дека ќе продолжи прекинот на огнот во Украина.

Тој додаде дека Москва се согласила дека референдумот за неутрален статус на Украина „ќе биде единствениот излез од оваа ситуација“.

Арахамија посочи дека нацрт-мировните договори се во доволно напредна фаза за да се овозможат директни консултации меѓу лидерите на двете земји. Тој потврди дека евентуалната средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе се одржи во Турција.

Поврзани новости