Русија е отворена за преговори со САД, но под свои услови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за NBC.
Песков ги обвини Западот и САД дека го продолжуваат конфликтот и испраќаат контрадикторни пораки до Киев за поддршката што ќе ја добие. Тој го нарече конфликтот во Украина хибридна војна.
– Тоа е хибридна војна што ја водат Соединетите Американски Држави против нашата земја – изјави портпаролот на Кремљ.
Тој ги коментираше изборите во САД и нагласи дека рускиот претседател е подготвен да работи со секој кој разбира дека сега е потребно да биде повнимателен со Русија и да ги земе предвид нејзините грижи.
Дополнително, тој посочи дека Путин би претпочитал американски претседател кој би бил поконструктивен во односите со Русија и кој ќе ја разбере важноста на дијалогот.