Москва: Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО

by fokus

Заменик шефот на руската дипломатија Александар Грушко денеска изјави дека нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но дека постојат ризици од инциденти.

Грушко изјави за ТВ Русија-24 дека Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт.  .

„Се разбира, постојат ризици од конфликт. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се случат“, рече Грушко, додавајќи дека Русија е загрижена за испораката на оружје на Алијансата за Украина,  и дека „сето тоа е многу опасно“.

Поврзани новости