Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за „терористички“ напад со беспилотно летало, откако градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека биле погодени две „нестанбени“ згради во Москва.
Медиумите јавуваат дека остатоците од леталото се пронајдени недалеку од зградите на Министерството за одбрана, а Ројтерс пренесува дека не е јасно дали беспилотните летала ги погодиле зградите кога биле соборени или намерно ги гаѓале зградите.
Ниту Министерството за одбрана, ниту градоначалникот не кажаа каде се пресретнати беспилотните летала.
Mлада жена која живее во близина на катната Авенија Лихачов, рече: „Спиев и ме разбуди експлозија, сè почна да се тресе“.
Украина засега нема коментари за овие тврдења на руските власти.
Според информациите на Тасс, дронот удрил во висока деловна зграда на авенијата Лукачеваа, а остатоците од дронот биле пронајдени на авенијата Комсомолски. Затворена е авенијата Комсомолски од центарот на Москва до периферијата на градот, јави новинската агенција РИА, повикувајќи се на московското Министерство за транспорт.
Тасс, повикувајќи се на итната помош, јавува дека според првичните информации нема жртви.
Русија го објави нападот со дрон, тврдејќи дека го спречил и го соборил леталото, пренесува Ослобоѓење.