Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.
-Русија подготвува декрет за реципрочни визни мерки со кои ќе се ограничи влезот на граѓаните на „непријателските земји“ – изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Лавров потенцираше дека актот ќе воведе низа ограничувања за влез на територијата на Русија.
-САД и нивните сојузници очигледно објавија тотална хибридна војна против Русија – рече тој.
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.