Москва му одговори на Блинкен: „Ако Американците влезат во вашата куќа, ретко кој во неа останува жив“

by Fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блник изјави дека „историјата нè научи на лекцијата дека кога во некој куќа ќе влезат Русите, тешко излегуваат од неа“.

„Тоа претставува безобразлук кој е потврден со многу примери, меѓу другото и со примерот на Југославија“, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Бликен со тие зборови го коментираше влегувањето во Казахстан на мировните сили на ОДКБ кои се составени од оружени сили на Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан. Како што истакна официјална Москва, Блинкен со оваа изјава на многу подмолен начин го искоментира „апсолутно легитимниот одговор на ОДКБ на повикот на раководството на Казахстан за поддршка во обезбедувањето на државата“.

„Ако Ентони Блинкен толку ја сака историјата, тогаш нека го има на ум следното – кога во вашата куќа ќе влезат Американците, ретко кој во неа останува жив, а пред тоа да не е и ограбен и силуван“, се наведува во соопштението.

Руската дипломатија истакна дека во прилог на ова тврдење се сите 300 години американска државност.

„Тоа можат да го потврдат и сите Индијанци од северноамериканскиот континент, Корејците, Виетнамците, Ирачаните, Панамците, Југословените, Либијците, Сиријците и сите останати кои немале среќа во нивната куќа да влезат тие непоканети гости“, заклучи руското министерство.

Поврзани новости