Москва: Ќе биде крајно опасно ако се испратат меѓународни мировни сили во Украина

by fokus

Официјална Москва денеска го осуди „непромислениот“ предлог на Полска за испраќање меѓународни мировни сили во Украина и предупреди дека тоа може да доведе до директен конфликт меѓу руските војници и силите на НАТО.

Полска минатиот петок соопшти дека официјално ќе поднесе предлог за мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО.

- Advertisements -

Запрашан за иницијативата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека „тоа би била многу непромислена и крајно опасна одлука“.

Тој за време на конференцискиот повик им рече на новинарите дека секој можен контакт меѓу руските и силите на НАТО „може да има јасни последици што би било тешко да се поправат“.

Лидерот на полската владејачка партија, Јарослав Качински, минатата недела во Киев оцени дека „ е неопходно да се има мировна мисија на НАТО и можеби некои пошироки меѓународни структури, но одбранбена мисија која ќе дејствува на украинска територија“.

Поврзани новости