Русија ќе бара „официјално меѓународно признавање на вистинската природа на злосторствата на нацистичка Германија во Втората светска војна“, официјално најави Василиј Небензја, постојан претставник на Руската Федерација во Обединетите нации.
Тој нагласи дека „со усвојувањето на резолуцијата за Сребреница е направен преседан кој ќе влијае на понатамошните дискусии за прогласување на други историски трагедии за геноцид“, и навести дека руската иницијатива ќе помине преку Генералното собрание на ОН, како и бошњачката, зад која стоеше Германија.
Тој не ги прецизираше идните чекори на Москва, но нагласи дека Русија „отсекогаш придавала големо значење на зачувувањето на историската меморија и враќањето на правдата“.
– Злосторствата на нацистичка Германија против народите на Советскиот Сојуз, вклучително и опсадата на Ленинград и масовното истребување на цивили, остануваат една од најболните теми за нас. Ќе продолжиме да ги користиме сите расположливи средства за да бараме официјално признавање на вистинската природа на овие злосторства и враќање на историската вистина на меѓународно ниво – нагласи Небензја.