Москва изврши масовен напад врз повеќе украински градови, Полска ги подигна борбените авиони

by Фокус

Силни експлозии рано утрово одекнале во главниот град на Украина, Киев и други градови, откако руските сили извршиле нов масовен напад на земјата, најголем по оној во август, целејќи на украинските електроенергетски капацитети, објави Ројтерс.

Инаку, Украинците со недели се подготвуваа за голем напад на енергетската инфраструктура на земјата, плашејќи се од оштетувања на мрежата што може да доведе до долги прекини на струја и да создаде психолошки притисок во критичен момент од војната што Русија ја започна во февруари 2022 година.

„Во тек е уште еден масовен напад врз електроенергетскиот систем. Непријателот ги напаѓа капацитетите за производство и пренос на електрична енергија низ Украина“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Герман Галученко.

Во текот на ноќта, според агенциите, можело да се слушне дејствувањето на украинската противвоздушна одбрана над главниот град, а серија слини експлозии одекнале низ центарот на Киев.  Засега нема прецизни информации за обемот на предизвиканите штети.

Украинските власти го прекинале снабдувањето со електрична енергија на повеќе градови, вклучително и во Киев и регинот Днепропетровск, поради претпазливост. Властите во регионот Волин во северозападна Украина соопштиле за штети на енергетската инфраструктура, без да наведат повеќе детали.

Според информациите, во Миколаев на југот на земјата, две лица биле убиени во напад со беспилотно летало во текот на ноќта, изјавил регионалниот гувернер. Експлозии имало и во југоисточниот град Запорожје и црноморското пристаниште Одеса, изјавиле очевидци за Ројтерс. Повеќе експлозии биле пријавени во регионите Кривји Рих на југ и Ривне на запад.

Членката на НАТО, Полска, која граничи со Украина на запад, соопшти дека ги подигнала своите воздохупловни сили во нејзиниот воздушен простор како мерка на претпазливост поради рускиот напад, во кој, според Варшава, руските сили користеле крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала.

„Полска ги активираше сите расположливи сили и ресурси со кои располага, дежурните борбени авиони беа подигнати, а копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се на највисока состојба на подготвеност“, објави оперативната команда на Полска.

Поврзани новости