Украина и Русија во април оваа година се усогласиле во поглед на 75 проценти од содржината на нацрт мировниот договор, изјавил денеска помошникот на рускиот претседател и шеф на руската делегација на разговорите со украинската страна, Владимир Медински, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
-Долго водевме интензивни разговори со украинската страна за условите на посткризното решение. Овие преговори се завршени на 15-ти април, кога на украинската страна и го предадовме нацрт договорот – навел Медински.
Тој додал дека руската и украинската делегација разменуваат телефонски повици, но дека Киев не сака да ги продолжи разговорите.
-Повремено разменуваме телефонски повици, но Украина е против продолжување на разговорите на старите основи – навел Медински.