404
Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина, учесник во борбите во Косово, денеска е уапсен во нашата земја на граничниот премин Блаце.
Од МВР за МИА потврдија дека Морина е уапсен по барање на Србија, поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово.
Српските медиуми пишуваат дека се очекува во наредниот период да се покрене постапка за испорачување на Морина во Србија, односно Министерството за правда да упати барање до македонското правосудство кое треба да одлучи дали се исполнети условите за негово испорачување.
Според косовските медиуми, Морина учествувал во борбите во областа Дукаџини.